МTV и бендот ZAA ви подаруваат две нови песни

МTV и бендот ZAA ви подаруваат две нови песни

Две нови песни на групата ZAA се достапни за бесплатно симнување од веб-сајтовите на регионалните MTV.

Новиот сингл на бендот содржи две песни, бунтовната “Full Scale Riot” и амбиентaлната “Moonlight”. Снимени се како и сите претходни дела на бендот во студиото Sweepunk во Крушевац, од продуцентот Зоран Васиќ, а за дизајн на корица е потпишан “senph42″. Воедно ова е прв аудио запис со кој бендот ги претставува нивните нови вокали Тамара Ристиќ и Милена Дамјановиќ. Концертна промоција на новите песни е закажана за 29 октомври во Пожаревац (клуб KB), 4 Ноември во Белград (Gun club) и 5 Ноември во Нови Сад (Културен Центар Русински).

Бендот ZAA започнуваат со работа при почетокот на 2008та година. Музиката што ја создаваат е стилски многу разновидна со основа на ска корени, но и со различни влијанија – од џез до панк звук. Од почетокот бендот започнува со многу интензивна концертна активност низ клубовите и фестивалите во целиот регион и странство, вклучувајќи ги Babel Sound Camp Festival на езерото Балатон во Унгарија, Еxit Festival, Reggae Serbia Festival и Trenchtown Festival во Србија.

Сепак, една изведба се издвојува како најважна од веќе споменатите. Тоа е Nektar Demofest во Бања Лука, најзначаен натпреварувачки фестивал во екс-Ју за бендови кои немаат официјална издание. Во конкуренција со над триста учесници регистрирани во натпреварот на 2009 год. ZAA ја освојуваат третата награда. Покрај ова признание им се дава шанса следната година на истиот фестивал да бидат support act на британскиот состав Stereo MC’s.

Други натпреварувачки фестивали каде бендот настапувал е и шпанскиот Rototom. Во натпреварот за најдобар европски реге бенд за 2011, а во конкуренција и со бендови од Источна Европа, бендот ZAA беше избран за еден од трите финалисти.

ZAA својот прв албум го објавуваат на 13 Јануари 2010 година како онлајн издание и може слободно да се симне од веб страницата на бендот: www.zaa.rs. Албумот е проследен со два видео записи за песните “Fire” и “No War”. Вториот албум “Good Things” e издаден кон средината на Mај 2011 година и исто така, може да се симне од официјалната интернет страница на бендот.