Buraka Som Sistema доаѓаат на Таксират!

Buraka Som Sistema доаѓаат на Таксират!

Атмосферата околу новиот Таксират полека се вжештува, големите имиња веќе го најавуваат своето доаѓање на најпознатата зимска јужноевропска фестивалска дестинација. Фановите на Таксират од целиот регион ќе ги израдуваме со првиот хедлајнер на главната фестивалска вечер која ќе се одржи на 3. декември во Метрополис арената – Buraka Som Sistema доаѓаат на Таксират!

Кога би се запрашале кој би бил бендот на сегашноста што ја претставува новата светска електронска сцена, Buraka Som Sistema би биле сериозен кандидат. Португалската супергрупата, составена од дабстеп диџеи, MC-а и танчери од сите страни на светот ја нуди, во моментов најсвежата и најактуелна популарна електронска музика. Нивниот трејдмарк - африканскиот кудуро ритам, жанр кој оригинално доаѓа од Луанда, главниот град на Ангола, музика која ја создале младите на компјутери, обидувајќи се да направат нова хаус и техно музика, притоа не копирајќи го оригиналниот – го мешаат со разни мултиетнички музички влијанија и тоа го прават на посебен начин.

Формирани се 2006. година во Амадора, таканаречениот сателитски град на Лисабон, како тинејџерски сон на четирите пријатели João Barbosa (Li’l John), Rui Pité (DJ Riot), Andro Carvalho (Conductor) и Kalaf Ângelo. Нивниот прв голем хит “Sound of Kuduro“, еден од апсолутните мегахитови на YouTube, со вокалите на популарната M.I.A и битовите на DJ Znobia им го отвори патот кон европскиот успех. Деби албумот од 2008. година “Black Diamond” ја смени глобалната слика за она што вообичаено го нарекуваме world music, а нивното последно издание од оваа година “Komba” веќе е омилено и од публиката и од критиката.

Buraka Som Sistema изградија репутација на бенд со најексплозивен настап, проследен со атрактивен перформанс на нивниот заштитен знак – брзите и снаодливи диџеи и MC-а, сценските ефекти, како и танчерската трупа која ѝ пркоси на гравитацијата. Нивниот концептуален кудуро доби повеќе светски потврди – 2007. година на MTV Europe Music Awards беа номинирани во категоријата New Sounds of Europe, во 2008. година од MTV ја добија наградата Best Portuguese act, а магазинот Fader во 2009. година ги прогласи за најоригинален изведувач на годината. Buraka Som Sistema настапуваат на сите големи светски фестивали – Sonar, Coachella Festival, Fuji Rock Festival, Berlin Festival, а на Exit 2009. година имаа еден од најнезаборавните настапи. Настапија и на овогодинешниот INmusic Festival.

Она што можете да го очекувате од нивниот настап е уникатната смисла за хумор, адреналински ритмови и потење кое не сте го доживеале досега. Глобалната гето-фанк револуција доаѓа и во Скопје, подгответе се за Buraka Som Sistema.