B Real од Cypress Hill доаѓа на Таксират, вистина е

B Real од Cypress Hill доаѓа на Таксират, вистина е

Таксират гордо објавува: Во рамките на овогодинешната off фестивалска програма наречена HIP HOP WORLD! американскиот рапер B Real од Cypress Hill на 27. ноември настапува на Таксират. B Real на овие простори настапува за првпат.
B Real е еден од вистинските легенди на хип хопот од повеќе причини: неговиот уникатен стил на рапување веќе од самото појавување е светски трејдмарк, со матичниот бенд Cypress Hill станаа први и најголеми латино хип хоп ѕвезди и конечно, еден е од политички најангажираните рапери на сцената. Доказ за неговото влијание се и мулти-платиниумските албуми продадени ширум светот во над 18 милиони копии.

Louis Freese, американецот со кубанско-мексиканско потекло е роден 1970. година во Los Angeles. Детството и тинејџерските години ги поминува во друштво на уличните локални банди од South Gate. Откако е исфрлен од локалното Bell High School, B Real ја продолжува својата дилерска “кариера”, која набргу завршува откако ќе биде застрелан во белите дробови во 1988 година. Средбата со DJ Muggs, Sen Dog и Mellow Man Ace и одлуката да го формираат Cypress Hill е превртница во неговиот живот.

Веќе по првата демо снимка во 1989. година Columbia Records покажува интерес за нив и првиот истоимен албум ќе биде реализиран во 1991. година (до денес продаден во двоен платиниумски тираж). Угледниот Source magazine го вброи во 1001 Albums You Must Hear Before You Die. И покрај обидите да не го гламуризираат gang лајфстајлот, Cypress Hill врвот на кариерата го достигнуваат со големиот хит Insane in the Brain од албумот Black Sunday од 1994. година, кој се смета како еден од најкомерцијалните gangsta албуми во историјата на хип хопот (продаден ширум светот во троен платиниумски тираж). Истата година, заедно со Sonic Youth учествуваат и на пионерскиот rap-rock саундтрак проект Judgment Night. Во својата импозантна кариера B-Real соработувал со Beastie Boys, Snoop Dogg, Psycho Realm, Eminem, Ice Cube, Pearl Jam, Dr. Dre, Nas, KRS One, Xzibit, LL Cool J, Busta Rhymes, OutKast, Prozak, Method Man & Redman, RZA, D12, Everlast, House of Pain, Deftones, Sonic Youth, Funkdoobiest и многу други.

Соло кариерата на B Real започнува 2005. година, а досега има издадено три mixtape-ови “Gunslinger”, “Gunslinger Vol. II” и “Gunslinger Vol. III”. Првиот соло албум Smoke N Mirrors (2009) е едно од најоригиналните изданија на поновиот хип хоп.

Концертна поддршка на настапот на B Real ќе бидат Psycho Realm, американска латино хип хоп супергрупа во која членува и самиот B Real.

Подготвени? Go loco!