MTV Best Adria act за Dubioza Kolektiv

MTV Best Adria act за Dubioza Kolektiv

Dubioza Kolektiv се овогодинешните победници на изборот на MTV Best Adria act! Dubioza беа номинирани по трет пат за оваа награда, но овојпат победија во конкуренција на Hladno pivo, Magnifico, S.A.R.S. и SevdahBABY. Популарниот босанско-херцеговски бенд триумфираше благодарејќи пред сѐ на најголемиот број освоени гласови од посетителите на веб-страницата mtvema.com. Членовите на бендот наградата ќе ја примат на 6. ноември.

“Конечно, по трите номинации и нас нé огреа МТВ сонцето. Пред сѐ, да се заблагодариме на сите што гласаа за нас, а ние ќе го одржиме ветувањето и ќе ги покриеме трошоците на сите расипани глувчиња и тастатури по принципот старо за ново. Оштетените нека се јават на facebook.com/dubioza. На крајот да се заблагодариме на сите кои ни помогнаа да ја наместиме оваа награда и да ги повикаме да ни ја наместат и наградата за World Wide Act… ако веќе не можеме да го наместиме влезот во ЕУ, кредитот од ММФ и квалификациите за фудбал во Полска” – изјавија членовите на Dubioza веднаш по веста за наградата, која ги затекна на патот кон дома од успешните концерти во Франција.

Од денес па до 24. октомври сите имаат можност да ja поддржат Dubioza да се најдат меѓу петте номинирани од целиот свет за престижната MTV World Wide act награда. Europe Music Awards (ЕМА) оваа година ќе се одржи на 6. ноември во Белфаст, Северна Ирска. Гласајте на http://adria.mtvema.com/vote