Таксират 13 се ближи, Таксират 13 се движи…

Таксират 13 се ближи, Таксират 13 се движи…

Таксират. По 13ти пат. Не е малку, особено кога ќе сфатиш дека Таксират успеа да го одржи приматот на најголем зимски фестивал во југоисточна Европа. И оваа година со истата амбиција – да ги задоволиме вкусовите на нашата верна публика. Од таа причина нудиме седумдневно загревање со off програмата на Таксират, како увертира за главниот фестивалски настан на 3ти декември.

Во off програмата на Таксират еве го и првиот изведувач за вечерта наречена HIP HOP WORLD! За 27ми ноември својот настап го потврдија Psycho Realm, американска латино хип хоп супергрупа, формирана во 1989. година, а составена од браќата Sick Jacken (Joaquin Gonzalez) и Big Duke (Gustavo Gonzalez). Веќе по првата објавена песна “Scandalous” во 1994. година (саундтрак тема од филмот Mi Vida Loca) Psycho Realm даваат до знаење дека ќе бидат жестоки критичари на американската политика, додека со наредните седум албумски изданија ќе станат типични претставници на West coast hardcore rap-от.

“Нашата мисија е да ги научиме луѓето на улична политика, кадешто самите ќе се изборат за своите права” – порачуваат Psycho Realm, практикувајќи го истото во нивниот роден Los Angeles веќе 22 години. Добредојдовте во реалниот свет, запознајте ги Psycho Realm.

Psycho Realm се концертна поддршка на големата хип хоп ѕвезда која ќе ја дознате веќе во среда. Бидете подготвени за UPDATE!!!