Кокуз со премиера на МТВ

Кокуз со премиера на МТВ

Дубиоза Колектив, еден од најоригиналните балкански бендови конечно со MTV премиера на спотот за “Кокуз”, една од најпопуларните песни од нивниот последен албум “5 до 12″ (на YouTube со 1.500.000 прегледувања). Спотот е снимен во извонредна атмосфера за два дена во почетокот на септември во Сараево на повеќе локации, од кои “најатрактивната” е јавното градско WC. Видеото за Кокуз е во продукција на агенцијата Фабрика, со веќе проверената екипа од спотовите “Ово је затвор” и “Валтер” – режисерот Салем Капиќ, како и директорот на фотографијата Ерол Зупчевиќ. Во спотот глумат Елвис Ј. Куртовиќ и Сувад Валетанлиќ.

“По двете видеа за песните “Види види види” и “Валтер” и 200те концерти во регионот и Европа промовирајќи го албумот “5 до 12″, снимивме спот за “Кокуз”. Оваа песна ја одбравме бидејќи на неа луѓето реагираат фантастично, но и затоа што по песната “Блам” таа е една од најгледаните на YouTube” – изјави бендот.

Воедно, Дубиоза колектив е номиниран за MTV Best Adria Act, во конкуренција на уште четири бендови од регионот. Гласањето за MTV Best Adria Act започна на 19. септември и ќе трае до 16. октомври на полноќ.

Премиерата на спотот за песната “Кокуз” погледнете ја во понеделник, 10ти октомври на MTV.

Продуцентска куќа: Фабрика (БИХ)
Режија: Салем Капиќ
Директор на фотографија: Ерол Зупчевиќ
Монтажа: Антонио Илиќ
Глумат: Елвис Ј. Куртовиќ и Сувад Валетанлиќ
Издавачка куќа: Menart (HR)
Менаџмент: Password production (MK)