“Report” на High Control на MTV

Новиот албум на High Control од 5ти октомври бесплатно на mtv.com.hr.

Во среда, 5ти октомври, новиот албум на High Control ќе се најде на веб страниците на регионалниот MTV, кадешто ќе може бесплатно да се превземе.

“Името на албумот “Report” се наметна како последица на сите песни кои се наоѓаат на албумот, а ги претставуваат нашите животни ставови видени од емоционална и социјална призма. Инспирацијата ја наоѓаме од секојдневниот живот кој знае да не изненади со мошне свежи идеи. Овој албум се разликува од претходниот “In Every Way” бидејќи тука е фокусот на чистата алтернативна идеа. На албумот имаме и гости – Суперхикс и DJ Славе, а на истиот работевме неполни две години, по принципот индивидуална идеа на која работиме тимски и доаѓаме до финалната форма” – кажаа за албумот членовите на бендот.

High Control се формирани 2005та година, но првиот официјален настап го имаат на скопскиот Winner Fest, кадешто во конкуренција на 60 бендови се пласираа помеѓу осумте најдобри. Подоцна настапуваат и на Total Demo Fest кадешто победуваат и како награда го добиваат снимањето на албумот “In Every Way”. Признанието за нивната квалитетна работа доаѓа и од Exit фестивалот, кадешто настапуваат на јубилејното десеттото издание, додека веќе следната година настапуваат на реномираниот Fusion stage. Бендот денес настапува во голем број клубови и фестивали во Македонија.