ТАКСИРАТ повторно номиниран на UK FESTIVAL AWARDS

ТАКСИРАТ повторно номиниран на UK FESTIVAL AWARDS

Компанијата Festival Awards Ltd., заедно со европската фестивалска асоцијација YOUROPE веќе традиционално секоја година доделува фестивалски награди во 15 категории. Веќе трета година по ред ТАКСИРАТ е во номинација за фестивалската награда “Best Overseas festival” (“Најдобар странски фестивал”).

Овогодинешните победници ќе бидат прогласени на 15ти ноември на главната конференција во лондонскиот British Music Experience.

Гласајте на официјалната веб страница на Festival Awards – http://www.festivalawards.com/vote/ и искористете ја можноста да освоите “Dream Summer” односно по два билета за присуство на секој од победничките фестивали оваа година.