Кирил на Викенд во Ровињ

Кирил на Викенд во Ровињ

По големата европска турнеја и незаборавниот настап на отворањето на Пиволенд во Скопје, Кирил Џајковски заедно со МС Ghetto Priest и својот бенд, претстојниов викенд ќе одржат концерт во Ровињ, Хрватска, на Викенд Медиа Фестивалот, каде веќе трета година, во текот на трите фестивалски дена, Ровињ е домаќин на повеќе од 3000 експерти од медиумите и маркетингот.

Дневната програма на овој фестивал вклучува бројни дискусии од областа на медиумите, PR-от, панели и отворени работилници за сите кои ќе се вклучат во фестивалот, кој оваа година во проширено издание, ја започнува својата програма на 22.09 и трае во текот на целиот викенд.

Кирил со својот настап ќе го заврши концертниот дел на Викенд Медиа Фестивалот, на 24ти, сабота, со почеток во 23 часот.

http://www.weekendmediafestival.com/weekend2011/hr/party-party-party.php