Забава на точење!

Забава на точење!

Четвртото издание на Пиволенд и оваа година ги отвори вратите за љубителите на пивото и добрата музика, подготвен од 31ви август до 04ти септември илјадниците посетители да ги навлече на фестивалските искушенија од богатата забавна понуда. Првата вечер од петдневниот фестивал на пивото започна со скопското хипхоп дуо Scratch That Drum, Alexandroff Ragtime Band од Бугарија, косовскиот инди бенд Gillespie и RATM Real Tribute Band кои го дадоа првиот енергичен импулс на она што вечерта прерасна во масовен разигран подиум за десетиците илјади љубители на пиво и добра музика. Убедливо најмногу овации од публиката добија разиграните електро-поп хрвати Lollobrigida и ѕвездата на вечерта Кирил Џајковски кој приреди уште еден незаборавен настап и ја доведе атмосферата на Пиволенд до својот катарзичен максимум. На Радио Моф Денс Бината стартот на фестивалот помина во хипхоп стил со настапите на диџеите Навигаторот и Илиќ,  Зад Аголот Екипа, Ола Диос и Оки Доки. Официјалното отворање на фестивалот го означи скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој од бината ја поздрави публиката со симболична здравица посакувајќи им на сите максимално Пиволенд уживање со добра музика, пиво, скара и позитивно расположение.

aa

Пиволенд годинава се одржува од 31ви август до 04ти септември на паркинг-просторот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“. Мотото на фестивалот овојпат прерасна во „ДОЈДИ! ВИДИ! ИСПИЈ! НАВИВАЈ!“, нудејќи големи број бендови, артисти и диџеи во музичката програма прилагодена да ги задоволи различните музички вкусови, најголеми избор на различни брендови и видови пиво, гурмански штандови со разновидна храна, игротека за возрасни, базар на ракотворби, социјални кампањи и пренос во живо на натпреварите од ЕвроБаскет 2011 лигата. Во музичката понуда на третиот фестивалски ден се бендовите Screaming For Change, Калап, P.P.S. (tribute to Azra), High Control, Hypnotized, Synthesis, Belfast Food, Darkwood Dub, кои ќе настапат на главната бина. Радио МОФ Денс Стејџот на 02 септември ќе ги претстави хаус и техно сетовите на Andreas HZ, Kinjo, Tanimed & Argeadi B2B и Flooder B2B Goran Kan. Хедлајнерите чии настапи допрва не очекуваат во 60часовното дружење во „Пиволенд“ – земјата на древниот пијалок се Јура Стублиќ и Филм, Ареа, Фолтин, Ритам Нереда, Есма Реџепова, Мањифико и низа други изведувачи чии распоред на настапи може да го најдете тука. Влезот на Пиволенд како и секоја година е бесплатен за сите посетители, а годинава во склоп на кампањата „Кога пиеш не вози, кога возиш не пиј!“ организирана е посебна автобуска линија која ќе тарнзитира од центарот на Скопје до Пиволенд и обратно. На овој линк може да го погледнете распоредот на поаѓање на Пиволенд автобусите.

IMG 4085