Notice
  • Simple Image Gallery Pro Notice: Joomla!'s /cache folder is not writable. Please correct this folder's permissions, clear your site's cache and retry.

Д Фестивал

Д Фестивал

Израснат од идејата за уникатен open-air музички хепенинг кој ќе понуди алтернатива за згаснување на жедта за квалитетен фестивал и тоа на автентичното дојранско крајбрежје, Д Фестивал на најдобар начин ја потврди и ја оправда својата иницијатива. DJ Vladich ја иницираше фестивалската журка претставувајќи го својот нов, сé уште не објавен албум Premonition – Electronic Experience, а потоа сцената ја превземаа најголемите македонски концертни атракции Суперхикс и Кирил Џајковски. Фешта докторите Суперхикс повторно го „дијагностицираа“ колективното ска лудило, а хиперактивната катарза продолжи со концертот на Кирил Џајковски во чија придружба овојпат настапи и Гето Прист, поранешниот MC на Asian Dub Foundation. Завршетокот на Д Фествал премиерата го одбележа DJ Nikifor кој го одржуваше ритамот под дојранското небо сé до утринските часови.

Неколку илјадната публика која непрестано се забавуваше со најдоброто од современите музички случувања кај нас, одличната атмосфера која постојано беше доведувана до еуфорија и целовечерниот драјв на позитивна енергија нé задолжи за уште поголемо следно издание.

Благодариме и се гледаме на Д Фестивал 2012!

 

{gallery}133{/gallery}