RED Team Акција

RED Team Акција

Остануваат само уште четири дена до второто издание на Green Beach Festival (29 јули), на кој оваа година, на плажата Парк во Охрид ќе настапи денс легендата и вечниот фаворит за светски најдобар диџеј Carl Cox, како и деценискиот диџеј синоним за квалитет, генијалност и интегритет, John Digweed. Покрај нив, домашна поддршка и загревање за единствената Green Beach атмосфера ќе обезбедат резидент диџеите : LephonQ , Iceberg , Nikifor.

Од 25 јули (понеделник) стартува посебна продажна акција наречена „Red Team“ со која вие и вашите пријатели добивате бесплатни влезници за Green Beach Festival. Во рамките на оваа продажна акција на мобилниот оператор One, за секои четири купени влезници за фестивалот во салоните на One, добивате плус една влезница гратис. Акцијата ќе трае сé до денот на фестивалот, 29 јули или до истекот на залихите кои се строго ограничени. Соберете го вашиот Red Team и заедно дочекајте го изгрејсонцето на подиумот на број 1 настанот ова лето.

Red Team акцијата ќе се спроведува во продажните салони на ONE во Струга, Охрид и One салонот во ГТЦ – Скопје, а цената на влезниците за фестивалот изнесува 700 денари.

Најдобрата фестивалска атмосфера, најголемите имиња од светската денс сцена, роденденска ноќ на Карл Кокс, целовечерни DJ сетови и журка до изгрејсонце со 10.000 публика на специјално декорираната плажа Парк на брегот на Охридското езеро… сé она што го прави Green Beach Festival број 1 летен настан сега е достапно и за вашиот Red Team.

Влезот за посетителите ќе биде отворен во 20:00 часот, а фестивалската програма на отворената бина започнува во 21:00 часот со настапите на Rezident DJs (Lephonq, Iceberg, Nikifor), а ќе кулминира со двочасовните сетови на хедлајнерите, John Digweed и веднаш по него Carl Cox. Потоа фестивалската журка на плажата Парк продолжува до раните утрински часови со DJ Nikifor.

Влезниците може да ги набавите на тикет сервисот www.mktickets.mk и на сите официјални продажни места:

Продажните TOBACCO и Together 24/7 и McDonald’s низ Македонија;
салоните на ONE во Скопје, Струга и Охрид;

Скопје: Розе Веро 2, Камрад Рамстор, Custom Pub, Кафе Круг Аеродром, Кафе Fluid, Tobacco Gogi;
Штип: Током – А;
Охрид: ZZ Top, Кафе Ликвид;
Струга: Кафе Албум;
Прилеп: Кафе Сидро;
Битола: Hard Rock;
Струмица: Кафе Inside;
Куманово: Agora, Софт Мак;
Свети Николе: Феникс;
Гевгелија: Кафе Корзо;
Велес: Унисон;
Тетово: Патник – Вокер.