ПАНК РОК ПРАЗНИК!

ПАНК РОК ПРАЗНИК!

Страст, енергија, адреналин, ново име и нов почеток на исклучителна локација! Тоа е Punk Rock Holiday!

Од 12ти до 15ти август во Толмин, Словенија ќе се одржи Punk Rock Holiday најголемиот панк фестивал во регионов кој е настанат од обединетите визии на двата одлични словенечки алтернативни фестивали (Šklabfest и Njoki Summer Fest) и го посетуваат повеќе од 20.000 млади луѓе. На првиот ден од фестивалот, 12ти август на овој фестивал ќе настапи македонскиот бенд СУПЕРХИКС, непосредно пред едно од најголемите имиња на светската панк-рок сцена, калифорнискиот бенд BAD RELIGION.

Новата локација на која се одржува Punk Rock Holiday e брегот на реките Толминка и Соча во западниот дел на Словенија, една од најубавите фестивалски локации во Европа која покрај фестивалските случувања кои ги нуди претставува и незаборавна локација за одмор. Оваа година на фестивалот ќе настапат некои од најмоќните меѓународни панк рок бендови: од Калифорнија доаѓаат NOFX и BAD RELIGION, вистински легенди и едни од оснивачите на мелодичниот панк звук, потоа истотака од САД, популарните млади сили – HOT WATER MUSIC, BOUNCING SOULS, STRUNG OUT, STREET DOGS, TOTAL CHAOS, секогаш веселите THE REAL McKENZIES од Канада, додека од Берлин пристигнуваат повторно активните JINGO DE LUNCH како и претставниците на хардкор звукот од Балтичкото море CRUSHING CASPARS, оригиналните ска панкери HOG HOGGIDY HOG од ЈАР, 3 FEET SMALLER – панк милениците на топ-листите и големите фестивали во Австрија, италијанската ска-комбат-кор атракција TALCO и локалните и регионални претставници SUPERHIKS, RED FIVE POINT STAR, OVERFLOW, IN-SANE, BACKSTAGE, KRESHESH NEPITASH, PASI… лајн-ап што овој панк рок празник го прави досега невиден настан на овие простори.

За одржување на адреналинот преку ден, покрај музичкиот дел фестивалот нуди луди MX, Snowmobile и Quad freestyle активности, скејт натпревари и 24 часа отворен бар на плажа со активен панк рок саундсистем.

Во Македонија влезниците за Punk Rock Holiday може да ги набавите преку тикет сервисот www.mktickets.mk.

За повеќе информации погледнете ги официјалните интернет страници на фестивалот:
www.punkrockholiday.com
www.facebook.com/punkrockholiday

Распоред по денови:

Петок, 12.08.2011

BAD RELIGION (САД)
3 FEET SMALLER (Австрија)
SUPERHIKS (Македонија)
KRESHESH NEPITASH (Словенија)
PASI (Хрватска)
HARRY (Словенија)
MYSPACE INVADERS (Италија)

Сабота, 13.08.2011

HOT WATER MUSIC (САД)
BOUNCING SOULS (САД)
RED FIVE POINT STAR (Словенија)
HOG HOGGIDY HOG (ЈАР)
IN-SANE (Словенија)
FINAL APPROACH (Словенија)
REAL LIFE VERSION (Словенија)

Недела, 14.08.2011

STRUNG OUT (САД)
JINGO DE LUNCH (Германија)
THE REAL MCKENZIES (Канада)
STREET DOGS (САД)
TOTAL CHAOS (САД)
CRUSHING CASPARS (Германија)
EXTREME SMOKE 57 (Словенија)

Понеделник, 15.08.2011

NOFX (САД)
THE TOASTERS (САД)
TALCO (Италија)
OVERFLOW (Хрватска)
BACKSTAGE (Словенија)
GOLLIWOG (Словенија)