and now…Poland!

and now…Poland!

По успешните концерти од почетокот на овогодинешната турнеја Љубљана, Сарајево, Ријека, Луксембург, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ на фестивалот Танц и Фолкфест во Рудолстадт, Германија, на сцената во Хеине Парк пред 10 илјадната публика на 90минутниот настап доживеа огромни овации и две враќања назад на сцената извикани од публиката (бис). На истата сцена во склоп на фестивалот настапија и познати имиња како Рој Пачи & Аретуска, Јусу Ндур со својот бенд, мегапопуларната ЗАЗ и други светски артисти.

Со стандардниот мега бенд на Кирил, како специјален гостин на овој концерт настапи и Елена Христова (Баклава / Баба Зула) која одлично се вклопи во звучната слика која ја креираше најпознатиот македонски продуцент.

Турнејата продолжува викендов со два настапи во Полска, кои КИРИЛ ќе ги одржи во сабота на 9ти јули , на Таргова филмскиот фестивал во Лоџ, и на 10 ти јули во склоп на Арт `н` Мјузик фестивалот во Лублин.

На двата фестивали КИРИЛ настапува како хедлајнер на главната бина која дозволува 10-20000 посетители, а меѓу другите бендови на Таргова, бината ќе ја дели со Емир Кустурица & No Smoking Orchestra, Balkanika, а во Лублин со Los de Abajo, Watcha Clan и најпознатите полски музички имиња.

Ова е прво претставување на Кирил и неговиот бенд во Полска, каде поради големиот медиумски интерес во склоп на двата фестивали ќе се одржат и две прес конференции, каде КИРИЛ ќе има директен контакт со полските и европски акредитирани медиуми на овие фестивали.

За први август КИРИЛ го потврди и својот прв настап за годинава во Македонија, а тоа е во склоп на првото издание на Д Фестивал кој ќе се одржи во Дојран, за кој повеќе информации ќе бидат објавени во текот на наредните денови.

Веќе ден по настапот во Дојран, Кирил заминува во Белград, Бања Лука, Дубровник, Бриж-Белгија и ред концерти кои ќе ја заокружат оваа турнеја.

Таргова Филм Фестивал/Лоџ, Полска 09.07.2011

http://www.targowafilmstreet.pl/

Арт `н` Мјузик Фестивал/ Лублин, Полска 10.07.2011

http://www.innebrzmienia.pl/pl/index.php