Писмо од Хикси

Писмо од Хикси

Продолжуваме понатаму со летната турнеја…

Овој четврток (07. јули) сме на Егзит Фестивалот во Нови Сад на Fusion сцената! Особена чест и задоволство ни е да ве известиме дека ја делиме со големи имиња од светската музичка сцена како, Беирут и легендарните House of Pain (кои настапуваат веднаш по нас).

Инаку ова е трет настап на Хикси на ЕГЗИТ Фестивалот, а ќе биде втор на Fusion сцената по 2003-та кога за прв пат настапивме на Егзит.

Веќе наредниот ден (08.јули) настапуваме на фестивалот VUM во Врбовец (Хрватска)!

По враќањето дома следува и мини МК турнеја која ќе ги вклучи градовите Струга (клуб АЛБУМ), Прилеп (Пиво Фест), Струмица…

Со оваа низа концерти завршува втората етапа од нашата летна турнеја…продолжуваме на крајот на јули и цел август!

Во прилог подолу е и Јутјуб момент од нашиот настап на Prague City Festival на 23-ти јуни, на кој ја делевме главната сцена со светски популарните The Hives, 30 Seconds To Mars, Gogoll Bordello и многу други.

Останете весели, насмеани и исончани (макар од скопското сонце)!

Ваши,

СУПЕРХИКС БАНДА ИНСТРУМЕНТАЛЕ