ТФФ Рудолстадт

ТФФ Рудолстадт

По настапите во Љубљана (Шкисова Тржница), Хановер (Масала Фестивал), Ријека, Сараево, и Луксембург (Фет де ла Музик), во склоп на турнејата која е во тек, во сабота, 2. јули на големата сцена на фестивалот Танц и Фолкфест во Рудолстадт, Германија, најголемото музичко име од македонската електронска сцена, Кирил Џајковски, ќе настапи со свој 90 минутен перформанс.

Танц и Фолкфест се одржува оваа година од 30ти јуни до 3ти јули и важи за најголемиот фестивал на world музиката во Германија, каде покрај Кирил Џајковски се појавуваат светски имиња од таа сцена, како Рој Пачи, ЗАЗ, Јусу Ндур и многу други.

Турнејата на Кирил продолжува во:

09.07.2011 Targowa Film Festival, Lodz, Poland
10.07.2011 Inne Brzmienia Art ‘n’ Music Festival, Lublin, Poland
01.08.2011 Dojran, Macedonia
02.08.2011 Belef Fest, Belgrade, Serbia
04.08.2011 Kastel, Banja Luka, BiH
13.08.2011 Klinkers Fest, Belgium
19.08.2011 Kunigunda Festival, Velenje, Slovenia
02.09.2011 Rock Live Music Festival, Koprivnica, Croatia