Дубиоза Колектив се зачлени во политичка партија!

Дубиоза Колектив се зачлени во политичка партија!

Иако со години одбиваа, па и на јавните настапи истакнуваа дека не се и не сакаат да се дел од ниту една политичка опција, членовите на бендот Дубиоза Колектив изгледа сепак го сменија мислењето и станаа членки на една новооформена партија.

Изгледа дека се одлучиле, како и многу други колеги од естрадата, да се вгнездат во политика. Се уште се во сеќавање медиумските настапи на поединечни членови на групата, на кои јавно ги повикуваат, а дури и упатуваат пцовки кон политичките партии, а денес сепак влегуваат во светот на политиката. Дали ги имаат издадено своите идеали и зошто го погазија јавно даденото ветување дека никогаш нема да се зачленат во некоја партија, ги прашавме членовите на Дубиоза Колектив:

„Сфативме дека, доколку нешто сакаме да промениме, мора да почнеме да делуваме директно низ политички систем. Песните и уметноста не можат многу нешта да направат. Роботската демократска партија (РДП), на чело со основачот и претседателот - Роби Мегабајт, е прва партија чии што идеали и политички пристап ги поддржуваме во целост. Роботот е модерен лидер, чиј алгоритам ги спроведува уставот и законите точно онака како што се напишани и за него се невозможни аномалии како криминалот и корупцијата, од проста причина што роботот нема роднини кои ќе ги вработува со врски и нема потреба било кој да биде привилегиран."

Една од главните идеи е нормализирање и регулирање на односите помеѓу луѓето и машините, пред се, роботите. РДП се залага сите роботи без оглед на земјата на производство, да имаат со устав еднакви загарантирани права: право на редовен сервис, право на редовен „software update“, и еднакви права при кандидирањето за функции во извршната и законодавната власт во БиХ.

Исто така, борбата против cyber-корупцијата и криминалот нам ни е приоритет. Ги повикуваме сите луѓе, а особено младите „ IT“ професионалци да ни се придружат, бидејќи иднината е во младите програмери. Како што би кажал нашиот претседател на партијата: „Умот и мудроста на политичарите, кои во моментот ја водат планетава е на ниво на компјутерски процесор од 80-тите години.“ На оваа планета итно и е потребен „reset“, а потоа и „update“ на системот. - изјавил Брано Јакубовиќ, претседател на месниот одбор на РДП во Забрѓе.

Членовите на Дубиоза Колектив, заедно со основачот и претседател на партијата - Роби Мегабајт, ја напишаа и испејаа официјалната партиска химна, чиј рефрен можете да го чуете во продолжение. Целосната химна премиерно ќе биде изведена во првата епизода на Дубиоза Колектив „Quarantine Show“, закажана за 19.10.2020 во 20:30.

Погледнете го рефренот на химната на РДП овде: https://youtu.be/HqjnKNfRw4g

Гледајте ги Дубиоза Колектив "Quarantine Shows" секој понеделник, од 19.10.2020 овде:

https://www.facebook.com/dubioza/ и https://www.youtube.com/c/dubiozatv%C2%A0