Број 1 ова лето!

Број 1 ова лето!

Остануваат уште десетина дена до број 1 настанот ова лето, Green Beach Festival 2011 во организација на Octopussy Entertainment и Password Production. Како што веќе најавивме, хедлајнерите на годинашното издание на фестивалот се денс великаните Carl Cox, вечниот фаворит за светски најдобар диџеј и John Digweed, деценискиот диџеј синоним за квалитет, генијалност и интегритет.

Carl Cox e една од првите асоцијации за клубската музика и култура воопшто. Диџејот кој по сите критериуми за популарност е секогаш меѓу најдобрите, децениски е дел од денс сцената, од диско деновите до современите глобални клабинг движења. Долгогодишното опстојување на сцената има видливо влијаније во неговите микс вештини и во неговиот музички избор преку битбрејк, хаус, и денс мејнстрим за време на неговите хард техно сетови.

John Digweed, предводникот и eден од највлијателните изведувачи на електронската сцена, ќе го претстави својот уникатен музички стил, кој е секогаш различно категоризиран како транс, хаус, прогресив и електроник, а сепак нема ниту една жанровска етикета која може точно да се примени за него. На почетоците од неговиот развој како диџеј, John Digweed ја прослави својата клабинг кариера букирајќи го токму Carl Cox на своите први забави, а на 29ти јули двајцата ДиЏеј великани ќе се претстават со свој сет пред публиката на Green Beach Festival.

Ова издание на фестивалот ќе биде и роденденска забава на првиот хедлајнер Carl Cox кој ќе го прослави својот роденден (29ти јули) со македонската публика на плажата Парк во Охрид. Двете светски диџеј ѕвезди ќе ве забавуваат до раните утрински часови, а покрај нив, локална DJ поддршка и загревање за најголемата летна журка ќе обезбедат Lephonq, Iceberg, Rezident DJs, Nikifor.

Билетите за овој настан се веќе во продажба со промотивна цена од 550 денари која ќе важи до 23. јули, кога истите ќе чинат 700 денари сé до денот на фестивалот. Влезниците кои ќе може да ги набавите при самиот влез на фестивалот ќе чинат 800 денари.
Во продажба се достапни и (1000) ВИП влезници кои чинат 1000 денари, како и (50) ВИП пакети со цена од 6000 денари.

Влезниците може да ги набавите на тикет сервисот www.mktickets.mk , во продажните салони на One во Охрид, Струга и ГТЦ- Скопје, McDonald’s, продажните мрежи TOBACCO и Together 24/7 низ Македонија и на сите официјални продажни места:

Скопје: Југотон, Розе Веро 2, Камрад Рамстор, Custom Pub, Кафе Круг Аеродром, Кафе Fluid, Tobacco Gogi;
Штип: Током – А;
Охрид: ZZ Top, Кафе Ликвид;
Прилеп: Кафе Сидро;
Битола: Hard Rock;
Струмица: Кафе Inside;
Куманово: Agora, Софт Мак;
Свети Николе: Феникс;
Гевгелија: Кафе Корзо;
Велес: Унисон;
Тетово: Патник – Вокер.