40 години Лајбах на Таксират #22

40 години Лајбах на Таксират #22

- 40 ГОДИНИ ЛАЈБАХ НА ТАКСИРАТ #22 -

Едни од најпровокативните музичари на територијата на поранешна Југославија - ЛАЈБАХ, се враќаат на бината на Таксират Фестивал! Под мотото “LOVE IS STILL ALIVE”, култниот словенечки колектив ќе прослави 40 години постоење во Скопје на 29-ти октомври - СЦ “Борис Трајковски”.

Билетите се достапни во продажба онлајн на - bit.ly/3jucYUs и во продажната мрежа на MkTickets. Почеток на концертот е во 20:30 часот, а вратите се отвораат во 19 часот.

Лајбах се формираат во 1980 година во малото рударско гратче Трбовље. Уште од својот прв настап предизвикуваат бурни реакции поради својот остар израз и критика кон тогашната политичка ситуација. За Лајбах се снимени бројни документарни филмови, а нивните дела, низ годините стануваат предмет на бројни научни и уметнички изложби. По четириесет години кариера и илјадници концерти низ светот, Лајбах денес важат за уметнички феномен од светски ранг.

Согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, билетите се строго ограничени и исклучиво за седење, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.