Д Фестивал 2020 & 2021

Д Фестивал 2020 & 2021

Единствената фестивалска авантура, веќе се подготвува за своите две наредни изданија – вонредно и јубилејно! Поради неможноста да го прославиме десеттиот роденден како што му доликува – со тридневна програма исполнета со многу музика, стотици уметници и креативци, повеќе бини, фестивалски камп и илјадниците најверни другари, големото, официјално роденденско издание го закажавме за 2 – 4 јули 2021-ва година!

ПРВИТЕ ПОТВРДЕНИ АРТИСТИ ЗА 2021-ВА ГОДИНА

Највозбудливото фестивалско доживување ќе ни го овозможат – синот на Bob Marley, jамајканскиот хип-хоп и реге артист – КY-MANI MARLEY, панк-иконата и тапанарот на култните Ramones – MARKY RAMONE, балканските Sonic Youth – РЕПЕТИТОР, легендарното германско електронско дуо – BOOKA SHADE и харизматичната поетеса која ги освои срцата на домашната публика – ТЕЛЕМАМА, а за неколку дена доаѓа и вториот бран на потврдени артисти за големото, роденденско издание на Д Фестивал во 2021-ва!

ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА РАН КОРМОРАН ЗА НАЈВЕРНАТА ПУБЛИКА

Со објавувањето на првите потврдени артисти, започнува и продажбата на најповолните билети за Д Фестивал 2021 – акцијата Ран Корморан. Билетите се достапни во продажната мрежа на MkTickets.

Актуелната промо цена на билетите изнесува:

800 денари (три дена без кампување)
850 денари (три дена со кампување)
*Двата типа на билети овозможуваат пристап до комплетната тридневна програма

Како и секоја година, најбрзите 100 онлајн купени билети стануваат потенцијални добитници на специјални подароци!

Наскоро нѐ очекуваат уште многу новости од програмата за 2021-ва, so stay tuned!