Машин-хикс на Супер-ски концерт!

Машин-хикс на Супер-ски концерт!

Скопскиот бенд Суперхикс вечерва повторно ќе ја забавува домашната публика, а настапот на бандата инструментале овојпат ќе биде на Машински Факултет, во организација на МФС со цел да ги сплоти дипломираните, сегашните и идните студенти на факултетот.

МФС ќе ги промовира своите дипломци и магистри, а Хикси од 21:30 часот „the best off“ од целиот репертоар. Настанот „Отворен ден на МФС“, се одржува во дворот на Машинскиот Факултет во Скопје и е од „гага“ тип, во превод отворена за секој бивш, иден, потенцијален, вечен или никогаш студент. Од сет листата за овој настап live ќе оди гарант и последниот сингл „На лута рана“ кој неодамна беше промовиран со видео запис на Ем-ти-ви Адриа. Спотот во моментов се тркала на топ листите на музичкиот канал и му предвидуваме долго топло лето. „На лута рана“ е вториот сингл со кој групата го најавува објавувањето на нивниот нов албум кој треба да излезе до крајот на 2011та година.

Суперхикс свират во Скопје после распродадениот соло концерт во февруари со кој ја започнаа исполнетата концертна година, а нема да се прескокнат и сите значајни фестивалски случувања низ Балканот и Европа. Бендот веќе ги објави и потврдените настапи на INmusic фестивалот во Загреб, како и Exit во Нови Сад, а пред тоа, на 23ти јуни, Хикси патуваат во Чешка, на Prague City Festival во друштво со Gogol Bordello, 30 Seconds To Mars, The Hives и други. На 12ти август тие ќе настапат на Punk Rock Holiday фестивалот во Словенија, непосредно пред едно од најголемите имиња на светската панк-рок сцена, калифорнискиот бенд Bad Religion и NOFX.

После концертите на VUM Fest во Хрватска, во Словенија на SchengenFest и Kunigunda фестивал, Pork Pie во Бугарија, на 28ми август во Вараждин, Хрватска се одржува десетдневниот Шпанцир Фест, со 250.000 посетители секоја година, 5 стејџа, 12 годишна традиција и 11.000 изведувачи до сега, на кој годинава Суперхикс настапуваат пред Asian Dub Foundation.

Пред скопската публика, ова ќе биде веројатно и последниот настап на Суперхикс. Следниот е планиран за есента 2012 кога бендот ќе прослави 18 години постоење и влез/излез од пубертет.

Дотогаш работна година, а еве ги деталите:

27.02.2011 Media Show, Skopje, Macedonia

03.03.2011 Solo concert, club Colosseum, Skopje, Macedonia

24.03.2011 Dom Kulture Rushe, Slovenia

25.03.2011 Rogla Snowboard Contest, Slovenia

26.03.2011 Dom Omladine, Belgrade, Serbia

16.04.2011 City Square, Gevgelija, Macedonia

01.05.2011 Club Metropol, Ohrid, Macedonia

14.05.2011 Shkolka, Skopje, Macedonia

17.06.2011 Mashinski Fakultet, Skopje, Macedonia

21.06.2011 T-Mobile INmusic Festival, Zagreb, Croatia

22.06.2011 Rock in Plzen festival, Plzhen, Czech Republic

23.06.2011 Prague City Festival, Czech Republic

07.07.2011 EXIT Festival, Novi Sad, Serbia

30.07.2011 Pivo Fest, Ohrid, Macedonia

08.07.2011 VUM Fest, Vrbovec, Croatia

01.08.2011 Dojran, Macedonia

04.08.2011 Festival On The Other Side, Skadar Lake, Montenegro

06.08.2011 SchengenFest, Vinica, Slovenia

12.08.2011 Punk Rock Holiday, Tolmin, Slovenia

24.08.2011 Pork Pie, Sofia, Bulgaria

26.08.2011 Kunigunda Festival, Velenje, Slovenia

28.08.2011 ŠpancirFest, Varaždin, Croatia

30.09.2011 Zenica Zove, Zenica, BiH