Јарун

Јарун

Остануваат само уште недела дена до најголемиот open-air фестивал во Хрватска и затворен е списокот на изведувачи кои оваа година ќе настапат на INmusic фестивалот, а со тоа е завршена и конечната програма на фестивалот и распоредот на настапите.

Inmusic фестивалот ќе се одржи на 21. и 22. јуни на Островот на хрватската младина, на Јарун во Загреб. Таму ве очекуваат настапите на Arcade Fire, Jamiroquai, Grinderman, Cypress Hill, Mike Skinner aka The Streets, TV on the Radio и многу други музички имиња.

Во двата фестивалски дена, 21. и 22. јуни, програмата ќе се одвива на вкупно шест бини – три отворени бини – Main Stage, World Stage и Hidden Stage како и три ноќни бини – Night Stage, Kupola и Silent Party.

Фестивалската програма започнува со настапите на отворените сцени во 17:00 часот, а кулминира со настапите на хедлајнерите. После завршувањето на програмата на отворено, фестивалската забава продолжува на ноќните сцени до раните утрински часови.

Првиот ден на фестивалот, на 21ви ве очекуваат настапите на Jamiroquai, Arcade Fire, Gentleman, Buraka Som Sistema, The Do, Partibrejkers, Goribor и други, додека на вториот ден од фестивалот бините на INmusic ќе ги превземат Nick Cave со Grinderman, Cypress Hill, The Streets, Tv On the Radio, Mastodon, Overflow, Dubioza Kolektiv и многу други.

Фестивалскиот влез се отвoра во 16:30 часот!

Шестдневниот фестивалски камп е преместен на Островот на хрватската младина. Кампот ќе биде отворен на 18. јуни на пладне и ќе се затвори на 23. јуни на пладне. Камперите ќе имаат на располагање топла вода, wireless интернет и можност за чување на личните работи, полнење на мобилни телефони и лаптоп, а покрај основните содржини, во шестте дена престој може да уживаат и во пливање, спорт, музика, посети на градот и интересни локации во Хрватска.

Влезниците за INmusic фестивалот во Македонија може да ги набавите на тикет сервисот www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, Градски трговски центар, 1 кат), по цена од 2500 денари за двата фестивалски дена, а доколку сакате фестивалска влезница и камп сместување истото ќе ве чини 3700 денари.

РАСПОРЕДОТ НА НАСТАПИТЕ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА ОФИЦИЈАЛНАТА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА НА ФЕСТИВАЛОТ.