На лута рана

На лута рана

Она што најскоро ве очекува од СУПЕРХИКС како посебно внимание на бендот кон своите фанови, е промоцијата на видео записот за новиот сингл „На лута рана“, од најавениот нов албум. Промоцијата на видео спотот за кој беа искористени снимки од скопскиот концерт на Суперхикс во Колосеум по повод 17 години од постоењето на бендот, ќе биде на 06ти јуни на музичкиот канал MTV Adria во 20:00 часот. Видео спотот „На лута рана“ ќе биде поставен за бесплатно симнување на официјалната веб страна на музичкиот канал. Омилениот ска-панк состав во регионот, кој веќе најави дека најновото студиско остварување треба да излезе оваа година, од февруари до сега има повеќе од 20 закажани концерти на сите значајни фестивалски случувања низ Балканот и Европа. Нема застанување за Хикси и тие ќе ви кажат само едно: Keep on Rockin’!

Инструменталната банда Суперхикс на 12ти август ќе настапи на Punk Rock Holiday фестивалот во Словенија, непосредно пред едно од најголемите имиња на светската панк-рок сцена, калифорнискиот бенд Bad Religion. Punk Rock Holiday се одржува во Толмин од 12ти до 14ти август и е настан кој ја става Словенија на светската мапа на фестивалската алтернативната музичка сцена.

Ова е уште еден од фестивалите за ова лето на кои Суперхикс ќе настапуваат покрај најголемите панк-рок бендови. Претходно бендот веќе ги објави потврдените настапи на INmusic фестивалот во Загреб, како и Exit во Нови Сад. Во Хрватска бендот ќе ја дели сцената со Jamiroquai, Arcade Fire, Grinderman, Mastadon, Gentleman, Dubioza Kolektiv, Jello Biafra, Elemental, Cypress Hill, додека на Егзит нивниот настап е закажан на една од најголемите сцени на фестивалот и бината која ја нарекуваат душата на Егзит, Fusion Stage. На Fusion, покрај Суперхикс ќе настапат и нашите култни Мизар, Лајбах, Ева Браун, Нежни Далибор и уште многу значајни музички имиња од регионов.

Но, фестивалската турнеја на бендот ни од далеку не застанува тука. Пред Нови Сад, на 23ти јуни, бендот патува во Чешка, на Prague City Festival. Овој фестивал се одржува на отворена сцена во Прага, со повеќе од 25.000 посетители само на главната сцена, на која оваа година ќе се претстават Суперхикс во line up со 30 Seconds To Mars, Gogol Bordello, The Hives и други.

После концертите на VUM Fest во Хрватска, во Словенија на SchengenFest и Kunigunda фестивал, Pork Pie во Бугарија, на 28ми август доколку се најдете во Хрватска може туристички да влетате на уште една Хикси ска-фешта. Имено, тогаш во Вараждин се одржува десетдневниот Шпанцир Фест, со 250.000 посетители секоја година, 5 стејџа, 12 годишна традиција и 11.000 изведувачи до сега, на кој годинава Суперхикс настапуваат пред Asian Dub Foundation.

СУПЕРХИКС турнеја 2011.:

27.02.2011 Media Show, Skopje, Macedonia

03.03.2011 Solo concert, club Colosseum, Skopje, Macedonia

24.03.2011 Dom Kulture Rushe, Slovenia

25.03.2011 Rogla Snowboard Contest, Slovenia

26.03.2011 Dom Omladine, Belgrade, Serbia

16.04.2011 City Square, Gevgelija, Macedonia

01.05.2011 Club Metropol, Ohrid, Macedonia

14.05.2011 Shkolka, Skopje, Macedonia

17.06.2011 Promo event, Skopje, Macedonia

21.06.2011 T-Mobile INmusic Festival, Zagreb, Croatia

22.06.2011 Rock in Plzen festival, Plzhen, Czech Republic

23.06.2011 Prague City Festival, Czech Republic

07.07.2011 EXIT Festival, Novi Sad, Serbia

??.07.2011 Pivo Fest, Ohrid, Macedonia – TBC!

08.07.2011 VUM Fest, Vrbovec, Croatia

06.08.2011 SchengenFest, Vinica, Slovenia

12.08.2011 Punk Rock Holiday, Tolmin, Slovenia

24.08.2011 Pork Pie, Sofia, Bulgaria

26.08.2011 Kunigunda Festival, Velenje, Slovenia

28.08.2011 ŠpancirFest, Varaždin, Croatia