Конечно

Конечно

По концертна пауза од 7 години, метал бендот Санаториум ќе настапи во рамките на мото-фестот организиран од клубот “Ноќни волци”. Настапот на Санаториум ќе се случи на Скопско Кале на 11ти Јуни 2011 година.

На овој настап, покрај членовите од оргиналната постава: Перо Стефановски – Шпирт (гитара / вокал), Горан Станковиќ – Црни (бас) и Горан Атанасов – Глупсон (тапани) ќе настапи и Бобан Василески (гитара) како замена за Костадин Качев – Рус (гитара). Рус нема да биде во можност да настапи поради уметничка изложба во Германија.

За повеќе информации можете да го следите бендот на Twitter:
http://twitter.com/SanatoriumMK

и да ја посетите нивната официјална веб страница:
http://www.sanatorium.com.mk/.