Излези на EXIT!

Излези на EXIT!

Како и секоја година Exit фестивалот и овојпат ви гарантира феноменална забава! Со одличен line up, извонредна листа на хедлајнери, 20 стејџа, повеќе од 600.000 посетители и 4 дена комплетно лудило, Exit е незаборавно фестивалско искуство. Од 7ми до 10ти јули, на магичната Петроварадинска Тврдина во Нови Сад ве очекуваат најголемите имиња од светската и регионалната музичка сцена. Иако годинашната програмата секојдневно се надополнува со новопотврдени изведувачи, она што досега го најави Exit тимот е обемна листа со исклучителни музички артисти.

13

Main Stage – Новиот бенд на Ник Кејв, Grinderman, кој минатата година го издаде својот втор албум, настапува ова лето на Петровардинската тврдина и тоа секако на главната бина. На оваа бина како хедлајнери се потврдени и предводниците на acid jazz и funk движењето, разиграниот Jamiroquai, на чело со пеjачот Џеј Кеј. Доколку сте почитувач на британската современа алтернатива, фактот дека бендот Editors го потврди настапот на 8ми јули, ќе ве разнесе! Листата со изведувачи кои настапуваат на Мејн стејџот на Exit секако ќе ве возбуди и без многу да се зборува за нив. Посетителите на оваа бина ќе ги слушаат и музичките авторитети како Arcade Fire, Pulp, Portishead, M.I.A, Bad Religion, Santigold, House of Pain, Magnetic Man, Atheist Rap, Petrol, S.P.Y feat Stamina MC, DJ Muggs, S.A.R.S., Danny Byrd + MC Dynamite, Digital SoundBoy Soundsystem, Darkwood Dub, JINX, и многу други. Неоспорно – фино друштво!

Fusion Stage – Македонската музичка сцена оваа година на Exit ќе ја претсатват балкански омилениот ска-панк состав Суперхикс и култниот рок-дарквејв бенд Мизар, кои ќе настапат на Fusion бината на Егзит 2011. Според програмскиот уредник на Fusion, „ова е бината на која настапувале сите најеминентни имиња на рок, поп и алтернативната регионална сцена, а истотака и многу добро познати стари состави.“ Покрај Мизар и Суперхикс, меѓу последно најавените настапувачите на Fusion се Laibach, Leeloojamais, Overflow, Urban&4, De Staat, Messer Chups, Eva Braun, Veliki prezir, Nežni Dalibor, Multietnička atrakcija, Ola Horhe. На возбудливата листа со претходно потврдени имиња се наоѓаат и Beirut, Hadouken!, Partibrejkers, Kandžijа , Killo Killo Banda, Irie FM,Ringišpil и други.

Arkona, австралискиот металкор состав, Parkway Drive, како и британските панкери, Anti Nowhere League и Discharge. На Експлозив истотака потврдени се и метал, блек метал и екстрим метал бендови, како Negura Bunget, Rapid Force, Kozeljnik и Mechanical God Creation.

Dance Arena – Ако сте сепак фан на „поелектронскиот“ звук, ќе ве израдува последната вест дека сетот на Dance Arena ќе го делат диџеј ѕвездите ангажирани околу проектот Rebel Rave. Меѓу хедлајнерите на оваа сцена се Underworld, Deadmau5, Groove Armada, Fedde Le Grand, Tiga, James Zabiela, Digitalism live и листата продолжува со DJ Sneak, Paul Kalkbrenner, Steve Aoki, Marco Carola, Carl Craig, Joris Voom, Gramophonedzie и други.

Happynovisad Stage – Сместен зад Dance арената, ова е еден од омилените стејџа на љубителите на алтернативната електронска сцена со истенчен вкус кој стана популарен поради својата специфична атмосфера и внимателна програмска селекција. Годинава во таа селекција се KiNK, Cosmin Trg, Loefah, Boddika, DJ Oneman, MC Chunky, Girl Unit, Bok Bok, Jam City, Nosaj Thing, Photek.

Elektrana – Седма година по ред, Електрана ги носи бисерите на електро и електро-поп и синт-поп сцената во регионов, а сега тие се предводени со изведувачи како што се The Hacker, Alexander Robotnick, Anoraak, Futurecop! Mikrofisch, Den Haan, Grum, Marsheaux, Gesaffelstein, Cinnamon Chasers.

Влезници за Eгзит фестивалот

Четвородневните влезници за Егзит фестивалот се достапни по промотивна цена од 3650 денари. Оваа година во продажба кај нас се и еднодневните влезници за фестивалот. Цената на еднодневните влезници чинат 1800 денари за 7ми, 8ми и 10ти јули, а 2110 денари за 9ти јули.

Од Скопје, обебеден е организиран автобуски превоз до Петроварадинската Тврдина во Нови Сад. Цената на билетот за превоз во двата правци изнесува 2600 денари.

Влениците за Егзит фестивал може да се резервираат онлајн на www.mktickets.mk, а официјално продажно место за Македонија е Југотон (прв кат во ГТЦ, Скопје).

http://www.exitfest.org/

https://www.facebook.com/exitmk