Респект за Gentleman!

Респект за Gentleman!

Со второто гостување во Скопје, Gentleman & The Evolution приредија концерт кој никого не остави рамнодушен. Еден од најголемите музичари на современата реге музика, поддржан од осумчлениот состав на бендот The Evolution на двочасовниот настап во клубот Колосеум ги претстави песните од актуелниот албум Diversity. „Changes“, „Good old days“, „To The Top“, „The Reason“, „Its no pretty“ го забрзаа пулсот на публиката која воодушевено го следеше реге ритамот на Gentleman. На концертот со динамично свирењето без пауза и два биса, бендот ја потсети публиката и на хитовите „Superior“, „Dem gone“, „Runaway“ , кои особено ја засилија еуфоричната и разиграна атмосфера.

Во истиот стил продолжија и впечатоците од концертот во пресс коментарите:

„Германскиот реге-мајстор Џентлмен и неговиот бенд „Еволушн“, синоќа во клубот Колосеум ја продолжија започнатата приказна од Таксират, пружајќи можеби еден од најенергичните и најкомплексните концерти што му се случиле на Скопје после долго време, другарски признавајќи дека не сака дружбата со македонската публика да заврши тука. (…) (Со) концертна енергија на која може само да и’ се поклониме, се појави на сцената и на публиката расположена за добра забава и подели групна виза за допирање на небото. (…) Концертот, заедно со извонредното озвучување и осветлување, на што ретко сме навикнати, звучеше шампионски.“ (Кајгана)

„Шоуто беше хируршки прецизно, и од сценска и од музичка гледна точка. Овој пат атмосферата беше многу попријатна, затоа што присуствуваа само вистинските љубители, поклоници и над сé добрите познавачи на растафаријанската филозофија.“ (Нова Македонија)

Целосните рецензии за концертот може да ги погледнете на следниве линкови:

http://kajgana.com/muzika/vo-eden-zdiv-so-dzentlmen-i-evolushn

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51911953379&id=49&setIzdanie=22284

http://www.plusinfo.mk/vest/2052/Ljubovna-revolucija-na-Gzentlmen-i-skopjani

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=A09B69FF1BE1D44EA2685869B0576C61

Интервју после концертот:
http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Muzika/eksluzivno-intervju-so-dzhentlmen-i-galerija

Фото галерија:
http://kajgana.com/galerii/gentleman-vo-skopje

http://fun.mnogoo.mk/mk/galleries/gentleman-vo-skopje