Blla Blla Blla… победи!

Blla Blla Blla… победи!

Екипата на групата Blla Blla Blla… се врати со награда од фестивалот на музички видеа, VideoFesti Muzikor кој се одржа на 16ти мај, во Приштина. Видеото за песната „Kujt i bije“ победи во категоријата Best Group Video, една од шеснаесетте категории на фестивалот, во која покрај нив во конкуренција беа и групите Troja, The freelancer и Energy Band. Инаку, со видео записот за „Kujt I Bije“, кој го режираше Клирим Ускана, беше промовиран последниот албум на Blla Blla Blla… , насловен Lamtumirë.

VideoFesti Muzikor е е престижен фестивал што се одржува во Косово, а спектаклот на финалето традиционално се одржува во салата на Националниот театар во Приштина. Фестивалот претставува привилегија за сите албански ѕвезди во светот да бидат поканети и презентирани на финалната вечер. Целта на фестивалот е да ја промовира и стимулира музичката видеопродукција на артистите и се спроведува со селекција и номинации на најдобрите музички видеа во 16 категории.

На овој фестивал од награден карактер, артистите не можат да конкурираат самите, туку организаторите испраќаат компилација со сите музички видеа кои се појавиле на тв-медиумите до жири комисија, која ги одбира номинираните во сите категории. Понатаму тесниот избор подлежи на процена на следно стручно жири составено од реномирани продуценти, музичари, монтажери и камермани, кои ги одбираат победниците во сите категории.