Филмска Авангарда

Филмска Авангарда

Музиката на Кирил Џајковски за филмовите „Големата Вода“ и „Балканкан“, вечерва ќе биде предизвик за Македонската филхармонија и диригентот Саша Николовски-Ѓумар. На концертот  „Филмска авангарда“ во Домот на АРМ ќе бидат отсвирени авангардните достигнувања во филмската музика, а заслужно на тој список се и остварувањата на Кирил како композитор во овој музички сегмент. Ова е уште една потвдра за квалитетот на најреспектираниот артист на балканската електорсцена, кој е подеднакво активен во филмската и тетарската музика. Музичките „бубалици“ знаат да кажат дека финалниот тест за секое значајно музичко дело од современите жанрови е кога тоа ќе заврши токму на филхармониските партитури.

Филмската музика на Кирил ќе биде на филхармонискиот „репертоар“ заедно со музичките дела на легендарните и наградувани филмови како: „Планината Броукбек“, „Оркански височини“, „Италијанска работа“, „Давење по броеви“, „Реквием за еден сон“, „Твин Пикс“, „Психо“, „Островот Шатер“ и македонските „Превртено“ и „Среќна Нова 49-та“.