Џентлменски за Таксиратлии

Џентлменски за Таксиратлии

Password Production организира посебна акција за сите Gentleman и Таксират фанови. Во склоп на акцијата, сите Таксират „колекционери“ добиваат попуст на влезниците за концертот на Gentleman & The Evolution во Скопје. Купувачите кои ќе приложат влезница од последниот Таксират 12 фестивал, добиваат 20% попуст на влезниците за концертот на Gentleman и истите ќе може да ги купат по цена од 320 денари. Акцијата „Џентлменски за Таксиратлии“ се спроведува во Југотон во Скопје и се однесува само на влезниците во претпродажба.

Tilmann Otto ака Gentleman на 12ти април ја започна европска турнеја „Diversity“ со 50 концерти низ европските метрополи, додека на 29ти април фановите беа почестени со објавувањето на новите live DVD и CD, „Diversity Live“ . Password Production во склоп на оваа турнеја го носи Gentleman во Скопје, како и во Белград на 14ти мај, каде за помалку од недела дена беа распродадени сите промо влезници. На концертот во Скопје, како предгрупа на предводникот на новата реге генерација, ќе настапи даб/реге/хардкор колективот од Тетово, Conquering Lion.

Концертот во клуб Колосеум, на 17ти Мај (вторник) е со почеток во 20:30 часот.

Влезниците во претпродажба чинат 400 денари и може да ги набавите на тикет сервисот www.mktickets.mk и во Југотон, Чакра, Custom Pub, Браво, Круг Аеродром, Љубов, Ultra Design Shop и Флуид. Претпродажбата ќе трае до 17ти мај, денот на концертот, кога истите ќе чинат 500 денари.