Шкисова Тржница

Шкисова Тржница

Пионерот на балканската електросцена Кирил Џајковски е еден од главните изведувачи на овогодинешната „Шкисова Тржница" во Љубљана. Настапот на Кирил ќе биде на 11ти мај, а неговиот перформанс пред словенечката публика ќе биде засилен со настап на live бенд од одбрани изведувачи и британскиот вокалист Ras Tweed .

Шкисова Тржница е најголемиот еднодневен отворен студенткси настан во Словенија, кој се одржува во центарот на Љубљана. Настанот е организиран од здружението на студентските клубови во Словенија (Zveza ŠKIS) и има повеќе од 20.000 посетители секоја година. Покрај Кирил, оваа година настапуваат и Soulfingers, Niet, Happy Ol' McWeasel, Toronto Drug Bust и други.

Со овој настап Кирил Џајковски ја започнува неговата богата концертна сезона за оваа година. После Љубљана, еден од најуспешните електро артисти на Балканот, продолжува  во  Германија на Масала Фестивал во Хановер, а потоа следат гостувања на Кирил во Луксембург, Полска, Белгија и низа настапи низ Балканот.