“Warm up ”- Conquering Lion

“Warm up ”- Conquering Lion

Улогата на локална поддршка на концертот на Gentleman & The Evolution ја доби реге дружината Conquering Lion. Даб/реге/хардкор бендот од Тетово ќе настапи како предгрупа на популарниот „растаман" Gentleman, во Скопје, на 17ти мај.

Conquering Lion своето творештво го започна во 2007 година. Во октомври 2009 година бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како „I" на кој се сместени десет песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната "Jah Love". До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Грција. Во моментов бендот работи на својот втор албум.

Најпопуларниот европски реге артист Gentleman ќе настапи со својот бенд The Evolution, а засилувањето со Conquering Lion ветува интензивна реге ноќ со многу позитивна енергија. Настапите на Gentleman пред белградската и скопската публика, во организација на Password Production, се дел од неговата европска турнеја за последниот албум „Diversity", која стартуваше на 12ти април.

ss

Концертот во клуб Колосеум, на 17ти Мај (вторник) е со почеток во 20:30 часот.

Цената на влезниците во претпродажба е 400 денари (500 ден. на денот на концертот) и може да ги набавите на тикет сервисот www.mktickets.mk и во Југотон, Чакра, Custom Pub, Браво, Круг Аеродром, Љубов, Ultra Design Shop и Флуид.

Повеќе информации за Conquering Lion на:

http://www.myspace.com/conqueringli0n

http://www.facebook.com/pages/Conquering-Lion/141737223754

Conquering Lion – "I":

http://soundcloud.com/conqueringlion1/sets/conquering-lion-i-2009