INmusic

INmusic

Суперхикс официјално го потврдија својот настап на загребскиот INmusic фестивал. Хрватската публика ќе биде по втор пат почестена со Суперхикс „ска фешта" на Јарун, а овој пат тие настапуваат во line up со Jamiroquai, Arcade Fire, Grinderman, Mastadon, Gentleman, Dubioza Kolektiv, Jello Biafra, Elemental, Cypress Hill и други.

Концертот е закажан за втората фестивалска вечер на 22. Јуни 2011. Ска-панк шесторката ја започна оваа година враќајќи се на заслуженото место на големите сцени, јасно покажувајќи ја жедта на публиката за нивната музичка енергија и потврдувајќи го својот статус на најомилени изведувачи на балканските простори.

Стартувајќи во Скопје, па преку концертното крстосување низ Словенија, Србија, Хрватска и наскоро Чешка, додека истовремено момците се подеднакво студиски активни подготвувајќи го новиот албум, публиката дефинитивно има што да очекува од Суперхикс. Најскоро исчекување од Суперхикс „лудилото"е објавувањето на новиот сингл „На лута рана", за кој бендот деновиве објави дека е студиски завршен и ќе биде поставен за бесплатно превземање. „Stay tuned"!

http://www.vimeo.com/18419687 – „Африка", официјално видео

http://www.myspace.com/superhiks

http://www.superhiks.com.mk/