CARL COX наскоро…

CARL COX наскоро…

Клубската публика ова лето ја очекува дружба со најголемата светска диџеј ѕвезда Carl Cox, една од првите асоцијации за клубската музика и култура воопшто. Диџејот кој по сите критериуми за популарност е секогаш меѓу најдобрите , ќе настапи на Green Beach Festival во Охрид на 29ти јули.

Вечниот фаворит за светски најдобар диџеј според фановите и музичките медиуми, децениски е дел од денс сцената, од диско деновите до современите глобални клабинг движења. Долгогодишното опстојување на сцената има видливо влијаније во неговите микс вештини и во неговиот музички избор преку битбрејк, хаус, и денс мејнстрим за време на неговите хард техно сетови.

Green Beach Festival, во организација на Octopussy Entertainment и Password Production, после минатогодишното прво издание, на кое настапи диџеј маестрото Paul van Dyk пред десет илјадната публика, оваа година продолжува со збогатена програма како број 1 летен настан. Carl Cox е првиот хедлајнер кој го објавуваме од екслузивната програма за ова лето! Бидете подготвени за повеќе информации!

Carl Cox биографија:

Британецот Carl Cox е музички амбасадор уште од детството, професионален диџеј од тинејџерските години, acid house ветеран и техно шампион! Во своите почетоци, диско музиката е првата која го освојува, но веќе во раните осумдесети години преминува кон музиката на младите лондонски диџеи – rare groove, њујоршки хип хоп и електро, паралелно прифаќајќи ја чикаго хаус музиката во нејзинитенајрани форми. Како творец на звукот Carl Cox ја водеше експанзичната британска рејв сцена. Во 1995. година го издава својот микс це-де „F.A.C.T." , кој стана техно референца и се продаде во повеќе од 250.000 копии.

Популарната кариера ја започнува во 1996. година со издавање на албумот „At the End of the Cliche" и основајќи ја сопствената етикета „Worldwide Ultimatum".Паралелно ја формира и менаџерската компанија, „Ultimate Music Management", собирајќи ја околу себе актуелната елита на електронската музика.

Првиот чекор кон создавање музика Carl Cox го прави со својот деби сингл „I Want You" за Perfecto етикетата на Paul Oakenfold, кој се пласира на Топ 30 хит листата и му обезбедува појава на „Top of the Pops",кога му е доделена интернационалната награда за најдобар DJ на годината, според списанието „Muzik Magazine". Carl Cox е првиот диџеј прогласен за Број 1 во Светот на „TOP 100 DJs" листата на „DJ Mag".

Во време кога е веќе голема поп ѕвезда, кога масовната публика се приклонува кон флафи хаус, транс и хардкор создадениот џангл, Carl Cox се враќа во клубскиот свет и го прифаќа подземниот техно звук .

Во 2008. година е забележан неовиот успех во мегапопуларниот Space Night Club на Ibiza кога ја добива наградата 'Best Ibiza Club Night' на „Ibiza DJ awards". Во клубот настапува со познати имиња како Francois Kevorkian, Laurent Garnier и Fatboy Slim. Во склоп на неговиот проект Carl Cox & Friends на настапите ширум светот соработува со таленти од различни жанрови на електронската музика: Roni Size, DJ Marky, Evil Nine, Adam Freeland, Bushwacka!, Freemasons, Locodice, James Lavelle и др.

Carl Cox е предводник на две издавачки куќи, Intec Records и 23rd Century Records. До сега има објавено триесетина компилации, албуми и сингл плочи, а во неговата биографија се забележани и неговите настапи за милениумската Нова година кога стана запомнет како единствениот диџеј кој во иста вечер имаше свој диџеј сет на два континента и два пати го прослави милениумот. Toj е дел и од престижното британско радио "Kiss FM". Неговата радио емисија "Global", се здобива со над 10 милиони слушатели, со емитувања во 24 земји низ светот, со што тој станува еден од најзначајните планетарни радио емитувачи. Слушателите го избраа за DJ кој најдобро работи со миксета ("DJ Mixer of the Year"), а во 2008. е изгласан за најдобар диџеј во последните 25 години од страна на „Mixmag" магазинот.