Град на културата

Град на културата

Ска-панк дружината Суперхикс на 16. април (сабота) ќе настапи на градскиот плоштад во Гевгелија, како дел од свеченото отварање на манифестацијата „Гевгелија – град на културата 2011". Додека бендот интензивно е посветен на фестивалските гостувања и концерти низ Балканот, во својата агенда додава уште една концертна ноќ пред домашната публика. Концертот е закажан на полноќ (24:00ч.) на Гевгелиската Бела Ноќ.

Во меѓувреме Суперхикс се веќе во студио и го подготвуваат новиот сингл „На лута рана" кој наскоро го очекуваме со студиска снимка и најавениот видео запис со инсертите снимени од неодамнешниот концертот во Скопје, одржан по повод седумнаесет години од оформувањето на бендот.

Нема застанување за Суперхикс! После Гевгелија и успешните настапи во Рогла, Руше и Белград, бендот продолжува со гостувања во Чешка и Словенија, каде Суперхикс ќе ја делат сцената со музички имиња како Gogol Bordello, House of Pain, blink 182, Dubioza Kolektiv и други.