Новоткриен all-star бенд!

Новоткриен all-star бенд!

Password Production ви ги открива „Д Вајтест Џипси Оркестра Алајк", уникатната комбинација за загревање пред концертот на „Kultur Shock", во клуб Хавана на 8ми април, во 21 часот!

Овој настап е ексклузивна прилика да „вкусите" квалитетно punk-Balkan beat-roots reggae музицирање и единствена можност да ги чуете здружените креативни сили на членови од различни познати скопски бендови.

„Д Вајтест Џипси Оркестра Алајк" засилувањето го сочинуваат:

DJ Tomche Rootboy – добро познат по Old Lion Sound System и успешните соработки со Serdzuk Orchestra,

Филип Петрески (саксофон) – член на реге колективот „Canon",

Александар Ниниќ (туба) – член на „Canon" и „Fun House",

Тодор Панов (труба)

Александар Митевски (труба)

„Kultur Shock" и „Д Вајтест Џипси Оркестра Алајк", концерт за пролетно разживување на рокенрол културата. Клуб Хавана, 8ми април (петок) со почеток во 21 часот.

Цената на влезниците е 250 денари во претпродажба и 300 денари на денот на концертот. Влезниците во претпродажба може да ги најдете во: www.mktickets.mk , Југотон, Чакра, Браво, Ultra Design Shop, Круг Аеродром, Custom Pub и Кафе Љубов.