Балканот е среќен!

Балканот е среќен!

Нема веќе одбројување! Со концертот во Љубљана започна десетдневната балканска турнеја на MANU CHAO и LA VENTURA, „APRIL BALKAN TOUR", во организација на Password Production.

Од Словенија, Manu Chao на оваа турнеја продолжува со настапи во Загреб, Сараево, Нови Сад, Приштина, Тирана, Софија, Букурешт и Истанбул (од 2ри до 19ти април). Очекувано, влезниците за концертот во Љубљана беа распродадени уште пред неколку дена, исто како и во Загреб и двата концерти во Истанбул на крајот од турнејата. После девет години еклектичниот артист Manu Chao повторно го излудува Балканот со екслузивноста на неговите концерти.

La Ventura е новата успешна формула која Manu Chao ја изведува со своето трио од минатата година: атмосфера исполнета со френетичен панк рок, класична шпанска гитара, текстови во кои често се интегрирани ставовите на Manu Chao за општествените проблеми (имиграција, живот во гето и сл.), латино влијанија, реге и многу позитивна енергија. Токму како што искусивме на неговиот концерт на минатогодишниот Таксират 12. Специфичноста на оваа турнеја е што таа се одвива во простори кои собираат до 3000 луѓе, со што е остварен поблизок контакт со публиката и поинтимна атмосфера.

Фановите во Македонија имаат можност да набават влезници за концертот во Приштина, Косово на 10. Април 2011. Влезниците чинат 600 денари или 1900 денари со вклучен превоз, а истите може да се резервираат на www.mktickets.mk .

Повеќе за Manu Chao може да дознаете на неговата официјална веб страна: www.manuchaо.net .