Билетите за LORD OF THE DANCE се ВО ПРОДАЖБА!

Билетите за LORD OF THE DANCE се ВО ПРОДАЖБА!

Билетите за светскиот танцов феномен LORD OF THE DANCE се пуштени во продажба!

Најпосетуваниот танцов-музичко-сценски спектакл на светот, чиј автор и продуцент е славниот Мајкл Флетли, ќе се одржи на 11-ти април 2018-та, во Вип Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, а посетителите на овој настан можат да ги набават своите влезници веќе од денес.

 

Цени на билети:
Б5, Б6, Б10, Б11 – 800 МКД;

Партер 2, Б4, Б12 – 1.000 МКД;
Партер 1, Б3, Б7, Б8, Б9 – 1.200 МКД;
Б13 – 1.500 МКД.

*За овој настан сите билети се за седење.


Продажбата на влезниците се спроведува преку продажната мрежа на МкТикетс, во сите продажни места низ Македонија и онлајн на овој линк.


По точно 10 години и 5-те целосно распродадени претходни настапи, LORD OF THE DANCE повторно гостува пред македонската публика, овој пат со новото денс-совршенство „Опасни Игри“. Приказната на ова шоу ја претставува митската приказна базирана на ирскиот фолклор, која со себе носи сѐ ново, од музика до сценографија, костимографија и кореографија. Тука се и холограмските проекции, најсовремената сценска технологија, специјалните светлосни ефекти, разиграните роботи и најдобрите светски акробати и танчери. Сето тоа е доволна причина да не го пропуштите овој музичко-танчерски настан или како што порачува екипата на LORD OF THE DANCE: „Препуштете се во прегратката на извонредниот танц кој ќе ве одведе на патување исполнето со енергија и страст…


Повеќе за настанот: тука