Конкурсот за ЛУЗЕР ФЕСТ 2017 е ОТВОРЕН!

Конкурсот за ЛУЗЕР ФЕСТ 2017 е ОТВОРЕН!

На ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ и оваа година се собираме за да го создадеме ЛУЗЕР ФЕСТ - најдругарскиот и најпозитивниот настан посветен исклучиво на промоција на новите, а сѐ уште неафирмирани музичари и музички групи од Македонија!

По возобнувањето на овој драг дел од Фестивалот кој ги пречека и испрати напред бендовите Лоши Деца, Синиак, Верка, Боргот, ФИСТ, Ска Рингишпил, Новиот Почеток, Хардфејсд, Сторм, Конкјуринг Лајон и уште многу други демо бендови кои се испробаа на Таксиратската Винерско-Лузерска бина низ годините, традицијата продолжува и во 19-ката на ТАКСИРАТ, со сите ентузијасти кои творат авторска музика и истата сакаат да ја промовираат пред македонската публика.

Победникот на „Лузер Фест“ и оваа година ќе биде награден со снимање на својот прв студиски албум и негово објавување под капата на „Пасворд Продакшн“, а покрај главната награда, ТАКСИРАТ и годинава ќе ги вложи сите свои расположливи сили за поттик и промоција на најдобрите од новото издание на „Лузер Фест“ во рамки на музичките фестивали кај нас, во регионот и низ Европа.

Жирито е веќе на кондициони подготовки, се спремаат гласачките ливчиња за публиката, а конкурсот за пријавување е отворен!

Одиме едноставно како и минатата година:
Ги повикуваме сите македонски млади и неоткриени бендови до 23-ти октомври 2017 да испратат 3 свои песни на конкурсот. За да се пријават на конкурсот, музичките групи или солисти треба во електронски формат да достават:
* три досега необјавени авторски песни (во кој било аудио формат),
* контакти,
* фотографија и
* кратка биографија на бендот и членовите.

Пријавите, најдоцна до 23-ти октомври 2017, треба да бидат испратени на и-мејл адресите: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .

ВАЖНО:
* „Пасворд“ ги задржува правата да објави компилација од сите групи кои ќе настапат за време на „Лузер Фест“;
* Пријавените бендови треба да достават свои досега необјавени и неиздадени снимки, а во спротивно ќе бидат дисквалификувани;
* „Пасворд“ има право да ги објавува пријавените песни од страна на изведувачите на своите социјални и асоцијални мрежи;
* Сите бендови кои ќе се пријават ќе бидат објавени, а селекцијата ќе се одреди по истекување на рокот за пријавување.

ВЕ ЧЕКАМЕ СО СНИМКИ!