СУПЕРХИКС во поход со Балканска турнеја!

СУПЕРХИКС во поход со Балканска турнеја!

Суперхикс тераат понатаму. Откако ја испочитуваа еуфоричната домашна публика со интимен концерт, бендот продолжува да ја споделува својата препознатлива позитивна музичка енергија на нов пролетен поход низ европските беспаќа.

Неуморните Суперхикс пред два дена ја започнаа својата нова турнеја во чија рамка се нивните настапи на "Itak Freestyle Week" во Рогла, самостоен концерт во Домот на Културата во Руше и нивниот настап на фестивалот "Long Night" во Белград.

„Itak Freestyle Week" во Словенија е најголем зимски настан за млади во ски центарот Рогла каде се одржуваат натпревари во екстремни спортови. Во склоп на музичката програма од фестивалот, покрај Суперхикс настапуваат S.A.R.S., Slon in Sadež, EMKEJ и други. На „Long Night" фестивалот во Белград пак, Суперхикс ќе ја делат сцената со Letu Štuke, Rundek Kargo Trio, Magnifico, Rambo Amadeus, Pips Chips & Videoclips, и многу други.

„Фото-финишот" на ова патешествие, бендот го најавува со снимање на новиот сингл "На Лута Рана", за кој ќе изработат и видео запис со инсертите снимени од неодамнешниот концертот во Скопје, одржан по повод 17 години од оформувањето на бендот.

Турнејата на Суперхикс за оваа пролет не застанува тука. Нив ги очекува публиката на следни гостувања во Чешка и Словенија, заедно со бендови како Gogol Bordello, House of Pain, blink 182, Dubioza Kolektiv и други. Фестивалската публика е жедна за звукот на најизвезуваниот македонски бенд, а Суперхикс на секој нивни настап успешно им возвраќа со гаранција за одлична забава.

SUPERHIKS – BALKAN TOUR 2011:

24.03 Dom culture – Руше, Словенија (Македонска вечер)

25.03. Itak Freestyle Week (snowboard contest) – Рогла (Словенија)

26.03. Dom Omladine (Long Night festival) – Белград, Србија